Позитивно заживување на пазарот на осигурување од 7-процентен пораст на бруто-полисираната премија за животното и неживотното осигурување е забележано во третиот квартал од годинава. Според Климе Поповски, претседател на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија, која е регулаторно тело за осигурителниот пазар,кај животното осигурување порастот е 6 проценти, а кај неживотното во последниве 3 години, тоа достигнало 18 проценти. Ова осигурување ќе добие поголем раст. Hема потреба предвреме да се обелоденат имињата на компаниите бидејќи се во фаза на лиценцирање. Годинава имаше најголем порастот кај имотното осигурување од 15 проценти и кај осигурувањето од автоодговорност од 8 проценти. Тој се пожали дека годинава има и зголемување на учеството на посредници кои овој пазар го прават подостапен за крајните клиенти.
Позитивно заживување на пазарот на осигурување од 7-процентен пораст на бруто-полисираната премија за животното и неживотното осигурување е забележано во третиот квартал од годинава.
Според Климе Поповски, претседател на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија, која е регулаторно тело за осигурителниот пазар,кај животното осигурување порастот е 6 проценти, а кај неживотното во последниве 3 години, тоа достигнало 18 проценти. Поповски најави сериозен интерес од два регионални големи играчи кои треба да влезат во сегментот на животното осигурување во 2011 година.
- Ова осигурување ќе добие поголем раст - смета Поповски и додава дека нема потреба предвреме да се обелоденат имињата на компаниите бидејќи се во фаза на лиценцирање.
Поповски изјави дека годинава имаше најголем порастот кај имотното осигурување од 15 проценти и кај осигурувањето од автоодговорност од 8 проценти. Тој се пожали дека годинава има и зголемување на учеството на посредници кои овој пазар го прават подостапен за крајните клиенти.
Поповски демантира дека Агенцијата го кочи намалувањето на зелениот картон. Тој објаснува дека тие како регулаторно тело имаат сознанија дека осигурителните друштва се доволно финансиски стабилни да ги сервисираат штетите.
- Зелената карта е во ингеренции на Владата - вели Поповски и додава дека било какво решение што таа ќе го понуди, друштвата се финансиски спремни да го сервисираат.